начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


БОЖИДАР ДИМИТРОВ ГО ВОЗКРЕСЕ БУГАРСКИОТ ФАШИЗЪМ

дата: 24 Юли 2009 г. , автор: И.Ч.

АВТОРЪТ СЕ ПЛАШИ ,ЧЕ ПОЛИТЕКАТА НА НОВОТО ПРАВИТЕЛСТВО СПРЕМО БЪЛГАРИТЕ В ЧУЖБИНА ЩЕ ЗАСЯГА СЕРИОЗНО ИНТЕРЕСИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЯ...

Димитров го воскресна бугарскиот фашизам

Новиот бугарски министер за дијаспора Божидар Димитров на историчарите од Македонија им нуди парична награда од еден милион евра доколку тие му презентираат барем еден релевантен историски документ за постоењето на македонската нација. Ваквиот „непристоен предлог“ од властите во Софија доаѓа само два дена откако беше избрана новата влада на премиерот Бојко Борисов, во која Димитров е задолжен за бугарската дијаспора. - Историските факти говорат дека македонската нација е вештачки создадена од комунистите во 1944 година. Не може да стане збор дека таа потекнува уште од времето на Александар, како што велат вашите историчари. Јас никому во Македонија не можам да забранам да се чувствува Македонец бидејќи тоа е право на личен избор, но историјата говори нешто друго - изјави Димитров за „Време“. Тој нагласува дека еден од главните приоритети како министер за дијаспора ќе му биде грижата за Бугарите во Македонија преку печатење книги, весници и друг материјал. Според него, бугарската влада ќе го помага школувањето на Бугарите во Македонија преку стипендии. Димитров, кој е поранешен соработник на тајните служби, а потоа и директор на Националниот музеј за историја, е познат по своите антимакедонски ставови. Важи за голем познавач на културата во регионот и често престојува во Македонија, а пред неколку години снимаше и документарни емисии за црквите и за манастирите во нашата земја. Пред две години ја издаде книгата „Десетте лаги за македонизмот“, во која го негира постоењето на македонската нација, нарекувајќи ја вештачка творба на Коминтерната. Тој посочува дека Македонија ја гледа како слободна и независна, но со мнозинско бугарско население. Според него, во тоа нема ништо лошо затоа што речиси сите нации на Балканот имаат по две држави. Во книгата „Бугарската политика кон Македонија“, која, исто така, е дело на Димитров, пак, се вели дека Бугарија треба да продолжи со антимакедонската кампања и со негирањето на македонската нација, јазик и култура. Покрај тоа, во неа се бара Бугарите да влезат во преамбулата на македонскиот устав и строго да се почитува декларацијата потпишана помеѓу двете држави од 1999 година. Според таа декларација, Бугарија треба да се грижи за нејзините граѓани во Македонија, додека грижата за македонското малцинство во Бугарија е забрането.

И.Ч.



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага