начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага

всички теми »


В СОФИЯ РЕФОРМАТОРСКИЯТ БЛОК БИЕ КОМУНИСТИТЕ В 24 - ти район

дата: 26 Май 2014 г. , автор: Георги Генов

...

В СОФИЯ РЕФОРМАТОРСКИЯТ БЛОК БИЕ КОМУНИСТИТЕ В 24- ти РАЙОН !

Това, както отбелязва ВЕЛИЗАР ЕНЧЕВ е районът на ЕДРАТА ГРАДСКА БУРЖУАЗИЯ.
Във всеки дом има книги и картини...Резултатът за РБ е 16, 97 % от общият брой на гласувалите.


И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Европскиот парламент, но во амбасадите на соседните држави. Масовен одѕив имаше во амбасадата на Бугарија, каде бугарските државјани кои живеат во земјава уште од раните утрински часови во редици чекаа да го дадат гласот за идните бугарски европратеници.

Она што го очекуваат некои од бугарските граѓани кои гласаа во амбасадата во Скопје, е идните бугарски европратеници да се грижат повеќе за правата на Бугарите во Македонија. 

„Гласав за Џамбаски, тој е пратеник од ВМРО. На мене најважно ми е да ги заштитува правата на Бугарите во Македонија. Тоа најмногу ме интересира“, изјави за Алфа телевизија бугарски државјанин од Струмица, кој гласаше денеска во Скопје. 

„Победа за Ангел Џамбаски. Мислам дека тој ќе биде многу соодветен за правата на Бугарите во Македонија“, ни изјави гевгеличанец кој како бугарски државјанин гласаше денеска на европските избори во амбасадата во Скопје. 

Инаку македонски граѓани со бугарски пасош иако не сакаа да зборуваат пред камерата на Алфа сепак потврдија дека деновиве добивале телефонски повици со укажување да гласаат.

Пред амбасадите на другите соседни држави на Македонија, членки на Европската унија – Романија и Хрватска, земји кои денеска исто така гласаа на европските избори, не се случуваше ништо. Грците кои живеат во странство на евроизборите гласаа вчера.

Гласањето во државите од Унијата за Европскиот парламент трае од четвртокот, а денеска се гласаше во 20 земји-членки. Право на глас имаат околу околу 400 милиони Европејци. Очекувано е Европските народните партии повторно да бидат најголемата група во Европскиот парламент. Промената што можат да ја донесат овие европски избори е влез на радикалнта десница во европскиот претставнички дом. Последните истражувања покажуваат дека тие партии би можеле да освојат речиси сто места во новиот Парламент, во кој има вкупно 751 пратенички места. Политички групи, кои ќе го сочинуваат Европскиот парламент, треба да бидат формирани до крајот на јуни. Досега во Европарламентот имаше седум политички групи, кои претставуваа повеќе од 160 национални партии. Оние европратениците, кое не сакаат или не можат да бидат вклучени кон ниту една од политичките групи, остануваат независни. 

Тамара Грнчароска



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага