начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага

всички теми »


Писмото от Здравко Здравески

дата: 21 Ноември 2011 г. , автор: Георги Генов

...

Отворено писмо

До претседателот на Европарламентот Г-н. Jerzy Buzek

До Европскиот парламент

До Комисиата за човекови права и слободи на Европарламентот

Почитуван Г-н. Претседателе, Почитувани дами и господа пратеници:

Се обракам со ова писмо со длабока вера во вас почитувани европски пратеници , ценеjки ги начелата на сите конвенции донесени од европскиот парламент и верифицирани од државите членки на европската заедница, за правата на човекот и неговите слободи,каде потписничка е и државата Македониjа за коjа ке зборувам,а коjа не ги почитува основните човекови права.

П. Македониjа не само што не ги почитува правата на човекот ами континуирано ги крши.

 

Почитувани пред да ве информирам поконкретно сакам да се представам;

Моето име е Здравко Здравески роден на 26.01.1964 г. во град прилеп Р . македониjа, а во моментот живеам во Бугариjа град бургас. Принуден со сила да емигрирам,засегнат и репресиран заради моjата бугарска националност. Ви пишувам под страв за моjата и безбедноста на моите деца, но со надеж дека во европарламентот ке биде подигнато прашането во врска со напишаното, со надеж дека не само за мене Здравко Здравески ами за целиот бугарски народ коj живее во македониjа.

За да бидам jасен ке започнам со една преамбула од уставот на Р.Македониjа:

Тргнуваjки од културно духовно и државно нследство на македонскиот народ и неговата вековна борба за национална и социjална слобода и за создаване своjа држава, а посебно од државно правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна jугославиjа од слободно изразената волjа на граганите на Р. Македониjа на референдумот од осми септеври 1991г. како и од историскиот факт дека Македониjа е конституирана како национална држава на македонскиот народ, во коjа се обезбедува целосно граганска равноправност и траjно сожителство на македонскиот народ со албанците, турците, власите, ромите и други националности кои живеат во Р. Македониjа е со цел:

- Република Македониjа да се конституира како суверена и самостоjна и како граганска и демократска држава.

- да се воспостави и изгради владеенето на правото како темелен систем на власта.

- да се гарантираат човековите права, граганските слободи и националната равноправност.

- да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Р. Македониjа.

- да се обезбеди социална правда, економска благосостойба и напредок на личниот и заедничкиот живот.

Собранието на Р. Македониjа донесува устав.

Со тоj предговор е донесен уставот на Р. Македониjа коj од истата институциjа коjа го донесла не се почитува. Станува збор за што во народот и народностите кои се наведени по горе не е земен во предвит бугарскиот народ коj живее во Македониjа. Дали треба да и се верува на таква држава ? коjа сама го донесе и сама не си го почитува донесениот од себе самата устав?

Во член 2 од основните одредби на уставот на Р. Македониjа стои вака:

член 2

- во Р. Македониjа суверенитетот произлегува од граганите и им припага на граганите.

- граганите на Р. Македониjа власта jа остваруваат преку демократски избрани представници, по пат на референдум и други облици на непосредно изjаснуване.

И ние българите во Р. Македониjа сме грагани само тоа право за да имаме представник не ни е дозволено.

На нас българите не ни е дозволено ни со референдум да решиме некое битно прашане од национален интерес. Зар тоа не е дискриминациjа ?

Член 8.

Темелни вредности на уставниот поредок на Р. Македониjа се:

- Основните слободи и права на човекот и граганинот признати со мегународното право и утврдени со уставот.

- Слободното изразуване на националната припадност.

- Владеенето на правото.

- Поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска.

- политичкиот плурализам и слободните непосредни демократски избори.

- правната заштита на собственост.

- слободата на пазарот и предприемаштвото.

- хуманизмот, социалната правда и солидарноста.

- локалната самоуправа.

- Уредуването и хуманизациjата на просторот и заштитата и уредуването на животната средина и природата.

- почитуването на општо прифатените норми за мегународното право.

Во Р. Македониjа слободно е се што со уставот и законот не е забрането.

За какви темелни вредности зборува овоj член од уставот ?

За какви човекови права и слободи утврдени со закон на мегународното право ?

За какво слободно изразуване на националната припадност ?

Jас лично не разбирам а и не верувам. Кога jас Здравко Здравески, моjата маjка, татко, моите приjатели българи се изjаснуваат по национална припадност българи и jас Здравко и сите горе наведени беа апсени, тормозени, тепани па дури и убивани, само поради тоа што jавно jа кажавме нашата българска националност.

И сега почитувани дами и господа евро пратеници дали тоа не е геноцит, асимилациjа, дискриминациjа и психолошки притисок. И послем секое изjаснуване на индивидуата дека е българин по националност следуваат монтирани судски процеси.

||. Основни слободи и права на човекот и граганинот.

1. Грагански и политички слободи и права.

Граганите на република македониjа се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, боjата на кожата, националното и социалното потекло, политичко и верското уверуване, имотната и општествената положба.

Граганите пред уставот и законите се еднакви.

За каква еднаквост се зборува ?

Власта во македониjа не само што не сека да чуе за нас българите, него шири омраза кон нас българскиот народ преку разни форми, на печатени медии, филмови, саjтови. Наj свеж пример на ширене на омраза е со филмот ‘’ Трето Полувреме „.

Член 10

Животот на човекот е непрекосновен.

Во Р. Македониjа не може да се изрече смрттна казна по ниту еден основ.

Во овоj член се зборува за животот на човекот.

Па прашувам тогаш од кого беше дадена наредба да биди моjот живот одземен. Jaс знам и ке зборувам на jавна дебата во европарламентот, доколку вие почитувани дами и господо ми овозможите. Сега во овоj текст нема да спомнувам имина.

Ке зборувам не само за мене него и за многу одземени човешки животи. Ве молам да ми jа дадете таа можност во име на вистината да проговориме во европарламентот.

Член 11.

Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се непрекосновени.

Се забранува секоj облик на мачене, не човечко или понижувачко однесуване и казнуване.

Се забранува присилна работа.

Се зборува за физичкиот и моралниот интегритет и дека секоj облик на мачене, нечовечко и понижувачко однесуване е забрането.

Не е точно дека е забрането, напротив власта во македониjа тоа го дозволува. Почитувани дами и господа, почитуван претседател на европарламентот не само што не е забрането него се применуваат нови методи на психолошко и физичко мачене, и нечовечко однесуване. Сега jас преку неколку аргументи кои мене и на моето семеjство ни беа направени.

Во 2003г. и ако тогаш работев како полицаец во министерство за внатрешни работи на Р. Македониjа, од страна на еден министер во владата на Р. Македониjа коj истиот министер беше присутен лично во време на мачене и понижуване на моjата сопруга и моите деца, во присуство на еден висок службеник од МВР чии имина сега нема да ги споменувам заедно со нивните луге и по нивна наредба моjата сопруга беше тепана понижувана и врегана и тоа во нашиот дом во скопjе пред очите на 4 малолетни деца. 2009г. во затвор Прилеп каде издржував казна пред очите на сите затвореници, чувари присилно ми беа со клешта, без анастезиjа на сила кршени забите. И послем тоа цела ден бев оставен во тоалетите врзан да дишам солна киселина, и од страна на зверовите кои ме измачуваат бев плукан, пцуен, нарекуван бугарско куче дури и се уринираа над мене. Само затоа што се нареков българин.

За другите облици на мачене и понижуване ке говорам пред вас дами и господа пратеници.

Член 12.

Слободата на човекот е неприкосновена.

Никому не може да биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаj и постапка утврдена со закон.

Лицето повикано, приведено и лишено од слобода мора веднаш да биде запознато за причините за лишуване од слобода, и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изjава.

Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.

Лицето лишено од слобода мора веднаш а наj доцна во рок од 24 часа од моментот на лишуване од слобода, да биде изведено пред суд, коj без одлагане ке реши за законитоста на постапката.

Притворот може да трае по одлука на суд наj долго 90 дена од денот на притваране.

Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.

Член 13.

Лицето обвинето за казнено дело ке се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилно судска одлука.

Лицето незаконно лишено од слобода, притворено или незаконно осудено има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

 

Во моjот случаj како и во други случаи МВР наj прво jавно преку медиите ме прогласува за виновен, пред да биде спроведена полициска истрага. Судска истрага не се спорведува, до изведуване на суд не ми е познато за што сум лишен од слобода, донесена е експресна пресуда без докази против мене и на краj донесената пресуда од 2 години jа издржував двоjно без да се земи во предвид периодот минат во притвор и затвор, кое со закон е предвидено.

Член 20.

На граганите им се гарантира слободата на здржуване заради остваруване и заштита на нивните политички, економски, социални, културни и други права на уверувана.

Граганите можат слободно да основаат здружениа на грагани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да изстапуваат.

Програмите и деjствуването на здружениата на граганите и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уриване на уставниот поредок на републиката и кон поттикнуване или повикуване на воена агресиjа или разгоруване на национално, растна или верска омраза и нетрпеливост.

Забранети се воени или полувоени здружениа што не им припагаат на вооружените сили на Р. Македониjа.

Во Р. Македониjа како што сите знаеме постоjат неколку политички партии на албанците, ромите, србите, турците, бошнаците како и нивни грагански здружениjа. Некои од нив во нивните програми повикуваат нарушене на уставниот поредок и ширене на омраза а сепак од страна на власта се дозволени.

Само на нас българскиот народ кои живее во македониjа не ни се дозволува формиране на политичка партиа на българите во македониjа, формиране на грагански здружениjа, дури во некои случаи ни се забранува одржуване на помени.

Член 25.

На секоj граганин му се гарантира почитуване и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоjнството и угледот.

Веке опишав дека не ми се гарантира ништо од овоj член и не му се гарантира на никоj коj ке се нарече българин во Р. Македониjа.

Член 44.

Секоj има право на образование.

Образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Основното образование е задолжително и безплатно.

Во македониjа сите народности кои се наведени во преамбулата на уставот на Р. Македониjа имаат право да се образуваат на своjот маjчин jазик, како на пример албанците, ромите, србите, турците имаат свои основни, средни и високообразовни институции каде нивните деца се образуваат на своjот маjчин jазик.

Каде сме ние българите тука ?

Не само што не ни е дозволено нашите деца да се школуваат на своjот маjчин български jазик, него и нашите деца во училиштата каде се школуваат кога ке кажат дека се българи, директорите на училиштата ги исклучуваат од образовниот систем. Не само што тоа право ни е ускратено него уште во далечната 1944г. присилно ни е сменета азбуката, писмото на кои нашите дедовци и баби пишувале. Зошто ние българите во Р. Македониjа го немаме правото на образование како останататите народности кои живеат во Р. Македониjа ?

И дали тоа право некогаш ке го имаме.

Jас Здравко Здравески и моето семеjство повеке не можеме да молчиме. И ве молам почитувани дами и господа во името на вистината, во името на Европа, во името на демократиjата дозволетени да jа проговориме вистината пред вас евродепутатите, да ги погледнеме во очи пратениците посматрачи од Р. Македониjа и пред сите вас да му jа кажеме вистината за нивната лага и дискриминациjа, асимилациjа и геноцит кои тие го вршат на нас българите кои живееме во Р. Македониjа.

Дозволетени да проговориме за државата коjа се нарекува демократска и е во 21 век а има методи на мачене од 18 век, да проговориме за државата коjа не си ги почитува своите донесени закони.

Едноставно да jа кажеме вистината коjа излегува од нашето срце.

Почитувани дами и господа, почитуван г-н претседателе, во никаков случаj jас неможам да прифатам присилната асимилациjа и антиквизациjа коjа jа прави сегашната власт во македониjа се со цел подполно ги асимилира българите во македониjа.

Jас Здравко неможам да бидам под присила и под желбата на власта некаков си античен хунза. Jaс Здравко Здравески и моето семеjство остануваме по националност българи, и никоj не му дава за право да ми го зема она кое не ми го дал. Jас останувам българин.

Почитувани дами и господа дозволете вистината да излезе на виделина. Во Р. Македониjа од страна на власта се врши не виден геноцит, тортури, дискриминациjа на еден цел български народ во македониjа. Во 21 век во срцето на европа не дозволиво е да има држава и власт коjа стимулира дестабилизациjа. Недопустиво е една држава и една власт во срцето на европа да шири омраза кон българскиот народ каде и да живее тоj. Државата и власта за коjа говорам се вика Р. Македониjа.

Верувам во вашата праведност дека ке ни дозволите да jа искажеме вистината пред евро парламентот и пред европските грагани. Вистината и само вистината.

Со почит:

Здравко Здравески

 



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага