начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Utrinski vestni priznava , che VMRO vuv FYROM e PROBULGARSKA organizacia

дата: 22 Юли 2009 г. , автор: Utrinski Vestnik - FYROM

Avtorut utvurjdava vseizvestnata istina , che rukovodnite lichnostti na VMRO vuv FYROM sa PROBULGARSKI nastroeni...

Пресметка на Љупчо Георгиевски и Пауновски

За Георгиевски, и Љубен Пауновски е дел од „големото бугарофилско крило на ВМРО-ДПМНЕ“

Мирче Јовановски

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски вчера реагираше на обвинувањата дека тој и вицепремиерката Доста Димовска во 2001 година сакале да ја поделат Македонија, кои деновиве ги изнесе министерот за одбрана во владата на Георгиевски, Љубен Пауновски. Георгиевски директно не одговара на ваквото обвинување на Пауновски, туку во писмената реакција и него го вбројува во „големото бугарофилско крило на ВМРО-ДПМНЕ“ и „еден од оние кои ја знаеја бугарската историја на Македонија“.

Пауновски, кој се соочува со затворска казна поради аферата во Министерството за одбрана тешка 11 милиони тогашни германски марки, за неделникот „Глобус“ деновиве откри низа провокативни детали за кризата во 2001 година, додека неговата сопруга Анета во неделникот „Фокус“ се осврна на голготата низ која мина нивното семејство по разрешувањето на Пауновски, притворот и судскиот процес за ексминистерот. Пауновски, меѓу другото, обвини дека навреме го предупредувал државниот врв за кризата во 2001 година, но дека и покрај тоа ништо не било преземано, како и дека таквите сознанија на МО, Георгиевски ги оценувал како „лаги на комуњарите“.

На ова експремиерот Георгиевски прашува: „Каде се тие писмени извештаи? Пауновски бил за политичко решение? Кој му пречеше да го постигне?“, вели во писмената реакција Георгиевски, додавајќи дека улогата на Пауновски во почетокот на кризата била една и единствена заедно со началникот на Генералштабот и претседателот Трајковски, да не ја употребат армијата, иако рововите во Танушевци беа на самата граница.

Пауновски за „Глобус“ изјави: „Во април 2001 година, по еден од ноќните состаноци на државниот политички врв и на безбедносно-командниот врв, двајца од нив останаа во кабинетот на МО. Директно ми беше соопштено дека мора да се разделиме со Албанците, да им дадеме територии кај Дебарско и Гостиварско - Тетовско (и со прст ми беа означени териториите на картата на Македонија), а остатокот ми беше речено, ’да го носиме кај нашите во Бугарија‘“.

Според Георгиевски, бившиот министер за одбрана „ги следи добро трасираните патеки на многу бивши вмровци, поминувајќи успешно по двата пата. Прво, пушачкиот - кога требаше да се добиваат министерски места од Георгиевски и вториот, плукачкиот - кога треба да му се додвори на некој друг. Очигледно, предметот на Пауновски очекува некоја судска одлука и оценил дека добро ќе му дојде малку додворување пред актуелната власт, знаејќи го мојот однос со Груевски“, вели Георгиевски.

Георгиевски се осврнува и на аферата што го однесе Пауновски на обвинителна клупа. „Ќе го потсетам господинот Пауновски дека аферата за неговите бизниси со неговиот дедо и баџанак му ја отворија помошниците во МО, кои директно ги присилувал за реализирање на договорите. Тоа што дел од нив делумно ги сменија исказите во судот не ја менува вистината, туку тоа го направија по совет на адвокатите да не заглават уште повеќе самите тие“, вели Георгиевски. Тој додава дека барал да се исполни договорот од страна на дедото на Пауновски, а татко на неговата сопруга Анета. Според Георгиевски, на сметка на дедото биле префрлени околу 11 милиони марки за набавка на прехранбени продукти и изградба на станови за офицери. „Немаше да има никаков случај доколку таткото на госпоѓата министерка започнеше да ги исполнува своите обврски од договорот. Меѓутоа, проверките покажаа дека тој ги извлекол сите пари во готово и ги загубил играјќи рулет во казино“, обвинува Георгиевски, порачувајќи дека тука лежи основната причина за сите проблеми низ кои минало семејството Пауновски. „Госпоѓата Пауновска не е жртва на Георгиевски, туку на бизнис-амбициите на својот сопруг, а очигледно најмногу на својот татко“, вели експремиерот Георгиевски.



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага