начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага

всички теми »


Каде е закопан Георги Карев - убит во Идризово

дата: 15 Януари 2011 г. , автор: Free Macedonia

Последни разкритиа од Холанда...

Каде е закопан братот на болгарскиja воjвода

 Карев ликвидиран во Идризово?

 

 

Братот на Никола Карев, Ѓорги, по Втората светска војна
 е осуден и затворен во Идризово, од каде што никогаш не
 излегол. Така семејството Кареви се соочило со една
 необјаснива игра на судбината: цел живот се бореле
за слободата, но токму таа Македонија го ликвидирала
 братот на претседателот на Крушевската Република.
 Каде се закопани коските на Ѓорги е мистерија што до
 денешен ден не е решена.

Македонија е преполна со тајни, кои главно

се поврзани со одредени трагедии што се

 случувале на овој простор и кои во голем

 дел ја одредиле и нејзината денешна

 судбина. Заговори, убиства, атентати,

 шпионски афери го полнат досието на

 македонската историја, која денес

 можела

 да изгледа многу, многу поинаку.

Во неколку продолженија ќе ви го

 пренесеме нашиот избор на

 најголемите македонски мистерии.

Мише Карев, внук на Никола Карев од

братот Ѓорги, во своето сведоштво пред

 неколку години тврдеше дека проблемите

на семејството Кареви со комунистичката

власт на Македонија започнале веднаш по

1944 г., кога без никакви докази, во

монтиран судски процес, бил осуден и

затворен помалиот брат на Никола - Ѓорѓи

Карев. Подоцна, тој е ликвидиран во

„Идризово“ на само неколку дена пред

излегување, односно пред завршување

на казната, а гробот не му се знае до ден

 денес.

Мише, како шеснаесетгодишно момче,

присуствувал на судењето на татко му

Ѓорги во 1945 година. Седел во првата

 клупа, а судија бил некој Калајџиски од

Кавадарци. На Ѓорги му се судело за

 соработка со бугарите за време на

 Втората светска војна.

„Татко ми никогаш не бил во таква служба

, ниту пак некој од нас, неговите седум деца,

 членувавме во некоја од тогашните бугарски

  организации. Се сеќавам на еден детаљ од

судењето што ми остана засекогаш во душата.

Како сведок, против татко ми, беше повикан

 бугарскиот полициски началник Венев, кој 

 беше на служба во Крушево. Оние што го

монтираа случајот за наводна соработка на

татко ми со бугарите, сметаа дека сведочењето

 на Венев сосема ќе го закопа. Но, за нивна несреќа, Венев се држеше достоинствено и само рече: ‘Немам што да кажам за Ѓорѓи, но ќе кажам за кодошите!’ Во тој момент службеникот на ОЗНА Гога Џаџо го свлечка на столчето и не му дозволи да ги каже кодошите во Крушево. Набргу потоа Венев го ликвидираа, за да не ги открие вистинските соработници на полициjaта, од кои некои веќе заземаа важни места во новата власт. Под лажни обвиненија татко ми беше осуден на смрт, но само по седум-осум дена смртната казна му беше заменета со пет години затвор. Пред да излезе од затвор го ликвидираа истите оние што му го монтираа и судскиот процес“, им раскажуваше пред неколку години Мише Карев пред авторот на овие редови и на колегата Блаже Миневски.

 Плиток гроб

Еден затвореник, Албанец, Емин Роши, многу години подоцна му кажувал дека Ѓорги бил погребен набрзина во некакви тајни затворски гробишта, но гробот бил плиток, па му се гледале рацете и нозете над земјата. Некој од надзорниците им наредил на двајца затвореници да му ги искршат рацете и нозете за да пропаднат под земјата, да се покријат.

Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници. Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, но и посурова и од таа на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. И покрај тоа, чудната омраза кон Кареви, според Мише, траела со години, па затоа дури и коските на Никола Карев завршија поттурнати под скалите на споменикот „Македониум“ на Гумења.

Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста.

Песочно островче

„Дојдоа некои луѓе и го поканија да отиде на прославата. Го викнаа дури и да се качи на буната. Таму беа сите тогашни врвни раководители. Меѓутоа, кога некој од нив забележал дека на буната е и Петруш, братот на Никола Карев, веднаш наредил да го симнат долу. И го симнаа среде прослава. Кога заврши прославата, повторно преку посредници беше поканет да оди на свечен ручек. Ми кажа дека го канат, а јас му реков да не оди, оти повторно ќе си играат со него, ќе го омаловажуваат и потценуваат. Тој се согласи со мене, но по извесно време повторно дојдоа гласниците, и чичко Петруш мораше да тргне со нив. Само што стигнал, ја кренал чашата за да наздрави, некој од политичарите наредил да го отстранат од масата. Чичко ми си дојде посрамен и со солзи во очите. И никогаш веќе не отиде на прослава на Илинденското востание“, сведочеше Мише Карев, кој, како што стои во неговото полициско досие, уште од 1951 година бил следен од ОЗНА односно УДБА, а подоцна одлежал и 18 месеци затвор за идејата за слободна Македонија.

Најстариот брат на претседателот на Крушевската Република, Петруш Карев, успеал да ги надживее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 година. Според внукот Мише Карев, старецот си заминал од овој свет со голема болка во душата поради недостоинствениот и понижувачки однос на македонската власт кон брат му Никола, но и поради судбината на Ѓорги, кој беше убиен од властите на Македониja, за која целото семејство со децении се борело.

Некои тврдења упатуваат на тоа дека во времето кога Ѓорги е ликвидиран, на средината на реката Вардар која минува близу затворот Идризово, се наоѓал мал песочен остров и дека е можно таму да биле закопани убиените затвореници за кои властите сакале да им се изгуби трагот. Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и костите на Ѓорги Карев.

 Го видов Ѓорги како градинар кај Колишевски

Осумдесет и осумгодишниот Петар Дамчески од Прилеп, пензиониран полициски командир, со кого лани, по 106 години од востанието, се обидовме да откриеме каде лежат некои од загинатите борци на Мечкин Камен, во годините по Втората светска војна извесно време бил дел од обезбедувањето на вилата во која се наоѓал Лазар Колишевски. Тој тврди дека таму го сретнал братот на Никола Карев, Ѓорги, кој како затвореник бил доведен да работи во градината.

Дамчевски, роден крушевчанец, веднаш го препознал Ѓорги, но не смеел да му се јави. По неколку дена дознал дека Ѓорги Карев починал во затворот во Идризово.

Сликата на братот на Никола Карев како во затвореничка облека ги полева цвеќињата во дворот на Колишевски засекогаш му се врежала во сеќавањето.

НМ
Автор: Дарко Јаневски
- Холанда

 



Още статии по темата »




М н е н и я

от: kiril, ( kiril.p@hotmail.com )
публикувано: 24.02.2013 23:56:10 часа

dali bugarite se makedonci ili makedoncite se bugari ne e vazno. Mie sme isti narod i imame isti neprijateli. treba po sekoja cena da se obedinime ida ziveeme zaedno. treba da rabotime na toa,posebno nie vo Makedonija


от: zdravko, ( zdravkozdraveski@yahoo.com )
публикувано: 15.01.2011 23:10:31 часа

isto sakam da kazam uste nesto za nikola karev. . deka koskite od nikola karev bea frleni pod stolbite na muzejot vo krusevo ot liceto TOPUZOSKI TOGASEN DIREKTOR NA MUZEOT. . . A SEGA E PRIATEL NA GRUESKI . . . CUDNO ZAR NE. . . ISTO SAKAM DA KAZAM I USTE NESTO. . DEDOTO NA SEGASNIOT MINISTER V MAKEDONSKATA VLADA PO IME VELE SAMAK. . . KAKO SUDIA IMA OSUDENO 18 DUSI OT PRILEP CLENOVI NA VMRO NA SMRTNA PRESUDA SO PESENJE . . I PRESUDATA E IZVRSENA A SEGA V MAKEDONIA NEGOVIOT SIN E MINISTER VO VLADATA NA GRUESKI MISLEV NA DPMNE


от: zdravko, ( zdravkozdraveski@yahoo.com )
публикувано: 15.01.2011 23:09:30 часа

jas mozam da kazam nekolku zbora, koga bev zatvoren vo idrizovo 97 godina tamu bevme nataerani od nadzornicite da kopame kanal i toa pozadi glavnata zgrada kade bevme zatvoreni vo samoto kopajne nie zatvorenicite naidovme na covecki koski i koga cuvarite vidoa deka nie se bunime i deka vikame za coveckite koski site nas ne povlekoja i pak ne zatvoria vo zgradata vo pekolot narecen 5 krilo koi i den denes e poznato kako pekol vo idrizovo. vo vremeto koga cuvarite ne vrakaa da ne zatvorat vo zgradata ni rekoja da molcime za toa sto go vidovme. . ili ke ne nema. . koga izlegov na sloboda jas so cicko mise karev sinot na gorgi karev,kako dobri priateli mu kazav za albanecot koi bese star i mu kazav kade najdovme covecki koski. . .



И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага