начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Фашистка дискреминация над българите в Република Македония

дата: 06 Юли 2009 г. , автор: Владимир Панков

Дописничката ни от Македония - Спаска Митрова съобщава за фашистко отношение на властите спрямо българското население в измислената Република

СДРУЖЕНИЕ   РАДКО

Фашистичка  дискриминација на Бугари  во Македонија

 

КРАТОК ОПИС НА НАСТАНИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „СПАСКА„

1.Спаска стапи во брак на 15.10.2006 година во Гевгелија , со Војислав Савиќ.

2.По само еден месец ,брачната заедница фактички се прекина и престана да постои од причини наведени во соодветните списи, најповеке поради секојдневни недолични префрлања за моето Бугарско потекло но и поради консумирање и дилање на дрога.

3.Јас тужба за развод на бракот до основниот суд Гевгелија поднесов на 04.12.2006 година но судот и социјалните служби свесно, процедурално одолговлекуваа со решавањето.

4.Керката Сузана ми се роди на 11.02.2007 година и тоа во Валандово како би избегнала вознемирување од бившиот сопруг и претставници на социјалните служби.

5.Бракот формално пред надлежниот суд во Гевгелија е разведен на 10.05 2007 година со пресуда-порамнување П.бр.397/06.

6.Таткото во договор со социјалните служби и судот до 05.05.2008 година не плаќаше ниту денар алиментација.

7.Прв обвинителен предлог КО.IV.бр.111/07 од 19.06.2007 година ,ОЈО-Гевгелија покрена против мене затоа што исклучиво и задолжително само во домот сопственост на моите родители во собата и креветот кои јас ги користиам , и никаде на друго место ,сум спречувала видување на таткото со ќерката што беше одредено и наложено по основ на решение на МЦСР-Гевгелија бр.12-45/15 од 31.05.2007 година .Моите обиди , укажувања и барања да се промени местото на видување и да се одреди друго и соодветно место на видување бидејки моите родители не сакаа ни да слушаат ни да го примаат во нивната сопствена куќа над која тие имаат суверено право на сопственост, да располагаат и одлучуваат, никој не ги слушаше.Сето ова беше оквалификувано како кривично дело одземање малолетник по член 198 од КЗ на РМ.????

-Во експресна постапка по основ на овој обвинителен предлог осудена сум на казна затвор во траење од 6 (шест) месеци -условно за 1 ( една ) година со пресуда на Гевгелиискиот суд К.бр.133/07 од 02.07.2007 година.

8.По втор обвинителен предлог КО.I.бр.173/07 од 15.11.2007 година , со обвинение за во се истите дејанија како во првиот обвинителен предлог и по основ на неспроведување на истото решение на социјалните служби Гевгелија бр.12-45/15 од 31.05.2007 година покренато исто од ОЈО-Гевгелија исто во експресна постапка осудена сум на казна затвор во траење од 8 (осум) месеци -условно на 2 (две) години со пресуда на Гевгелиискиот суд К.бр.229/07 од 17.12.2007 година.

Во овие монтирани антибугарски процеси против мене а спроведени од УДБАШКИТЕ антибугарски инсталирани структури од минатиот Југословенски окупаторски режим во споменатите структури на власта во Македонија ,сега преструктуирани и ревитализирани во

-2-

согласност со новото време и консталации на односите, јас бев третирана и спрема мене овие структури се однесуваа полошо одошто тоа своевремено сопствениците на робови се однесувале спрема робовите и многу полошо одошто тоа Хитлеровите власти се однесувале спрема Евреите. Во сето ова свој допринос со оглед на општопознатите состојби и односи, судии-адвокати , има и мојот адвокат кој цело време ме убедуваше дека овие обвинувања ќе паднат, јас ќе бидам ослободена од одговорност и ќе биде донесено друго решение од МЦСР-Гевгелија со кое , затоа што моите родители не дозволуваат видувања во нивната куќа ,ке се промени местото на средбите и за видувањата и ке се одреди друго и соодветно место за видување , а што е најболно во договор со судијата и обвинителот во ниеден од списите кои по завршувањето на овие два процеса ми ги даде –врати мојот адвокат на ниедно место не е наведена мојата одбрана и не е ценет и оценет-нема оценка на доказот кој јас во присуство на адвокатот го приложив на овие два претреса а тоа е пресудата на Врховниот суд на РМ У.бр.410/96 од 10.12..1007 година со која пресуда како судска пракса во РМ не се дозволува видувањата на таткото со детето да се одвиваат во домот на мајката а во случаите јас сум осудена правосилно на затвосрки казни не за спречување видувања во мојот дом туку во домот-куќата сопственост на моите родители ,како и дуги уцени кои посебно судијата Стаменов ги вршеше врз мене , за што сметам повеке коментари не се потребни.

По донесувањето на првата пресуда а пред донесувањето на втората пресуда како обеќаше мојот адвокат , социјалните служби навистина донесоа и ми дадоа ново и второ по ред решение бр.12-45/27 од 21.11.2007 година со кое навистина го променија местото на видување и сега наместо во куќата сопственост на моите родители кои одбиваа да го примат во сопствената куќа таткото на нашата ќерка , видувањата беа одредени да се одржуваат во просториите на МЦСР-Гевгелија.Ова решение во целост беше спроведувано без никаков прекин онака како со него се наложуваше и тоа се до почетокот на мај месец 2008 година, но затворските пресуди останаа да висат.

Од почетокот на мај до кога јас редовно ја носев ќерката на видување во просториите на центарот, социјалните служби започнаа да ме враќаат со „објаснување„ ќе ја донесеш во петок ,ќе ја донесеш во среда , според новото решение„.Јас побарав тоа нов решение да ми се даде а тие најпрво ми одговараа „решение на тебе не ти треба ние знаеме што треба и ти ќе не слушаш нас ние што ќе ти кажеме„ за да по извесно време почнат да кажуваат дека „решението ние ти го дадовме а ти не сакаш да го извршуваш„.Поради горното и писмено се обратив во врска со новнастанатата состојба, барав и им укажав дека е потребно да ми се даде новото решение за да лично се запознаам со содржината но тие до денес немаат ми го дадено, поради што и пред надлежниот Управен суд Скопје поднесов тужба за молчење на администрација а по која тужба Управниот суд Скопје со своја пресуда У.бр.3735/2008 од 24.02.2009 која ја добив на 21.03.2009 година ЈА УВАЖИ мојата тужба и на тужениете од мене социјални служби им наложи ГИ ЗАДОЛЖИ да

-3-

постапат по моето барање.До денес по оваа пресуда на Управниот суд социјалните служби немаат постапено ,повисокит ВСРМ со премолчување иако со подавка му ја доставив ја игнорира и воопшто не ја споменува , па веќе не гледам и цел да интервенирам.

Последното изнесено беше повод за поднесување и,

9.Трет обвинителен предлог КО.III.113/08 од 19.06.2008 година ,против мене со кој ОЈО-Гевгелија ме обвинува за неизвршување на решение на МЦСР-Гевгелија бр.12-07/33 од 29.04.2008 година.Ова решение до денес социјалните служби и покрај моите настојувања немаат ми го дадено ,што е посредно констатирано и со пресуда на Управниот суд –Скопје У.бр.3753/2008 од 24.12.2009 година а Гевгелиискиот суд , во експресна постапка повторно ме осудува на 3 (три) месеци затвот-овој пат без условување , со пресуда К.бр.98/08 од 10.07.2008 година.Во текот на овој монтиран процес јас приложив подавки и докази кои судот воопшто не ги споменува ги премолчува и не ги ценеше и не ги оцени а со истите покрај другото барав, обвинителството да каже, кога веќе во обвинението не е напишано дали,кој,кога,како и каде ми го дал решението за чие неизвршување ме обвинуваат а од судот барав пред да одлучи ,да констатира и утврди дали, кој,кога,каде и како ми го има дадено решението за за чие неизвршување ми се суди и сум осудена на 3 месеци затвор.Судот ме осуди на 3 месеци затвор за неизвршување на решение без воопшто да утврдува дали тоа решение ми е дадено, што е очигледно во списите на предметот.Истата пресуда ,со иста сидржина без воопшто да споменат а камоли и да констатираат дали ова решение ми е дадено, кој, кога, каде и како ми го дал ја препишуваат и Апелациониот суд Скопје по основ на моја жалба и ВСРМ по основ на мое барање за вонредно преиспистување на правосилна пресуда, а неизвршување на решение кое не и е доставено на странката според јавно објавените закони во РМ не е казниво дејание.И ова беше оквалификувано како КД по член 198 од КЗ.

Барем да спомнеа во списите и пресудите, па макар и да излажеа дека решението ми е дадено и да лажно наведоа кој, каде, кога и како ми го дал решението или пак да излажаа дека сум одбивала прием немаше толку да боли.Ова, неможам а да не споменам дека и Хитлеровите судии и обвинители не им го правеле на Евреите.

10.Четврт обвинителен предлог заведен под КО.бр.176/08 од 27.10.2008 година и истовремено под КО.IV.бр.176/08 од 30.10.2008 година ,со 2 деловодни броја, добив и беше покренат против мене затоа што сум поднела жалба на пресудата К.бр.98/08 од 10.07.2008 година со која сум осудена на 3 месеци затвор и во неа сум ги изложувала на подбив судиите Иван Стаменов и Маја Почкова.? Што беше оквалификувано како повреда на угедот на судот ,КД според член 180 од КЗ на РМ . По основ на ова обвинение исто во експресна постапка и без изведување докази со пресуда К.бр.170/08 од 16.12.2008 година осудена сум на ефективна затворска казна во траење од 10 месеци и на „оштетениете„

-4-

судии во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да им исплатам 33.ООО,оо (тридесетитриилјади) ЕУРО за претрпени психички болки-нематеријална штета.За донесување ваква пресуда со оглед на висината на досудената штета надлежност за одлучување нема основниот суд Гевгелија него Основниот суд со проширени надлежности Велес, но тоа во мојот случај не важеше, важно беше да бидам осудена.

Оваа пресуда во жалбена постапка пред Апелациониот суд Скопје Е УКИНАТА и предметот е вратен на повторно судење.Интересно но и сомнително а за мене застрашувачки во оваа постапка е тоа што Апелациониот суд Скопие оваа пресуда ја укина по основи кои сам си ги наведе а основите по кои јас ја побивав и обжалив воопшто не ги споменува што укажува повторно на постоечка режија, и некаков договор со Гевгелиискиот суд што е општопознато во Македонството судство а посебно поврзаноста на Гевгелииските судии кривичари со скопскте судии кривичари. На јавната седница на која се укина првостепената пресуда кога се читаше примерокот кој првстепениот суд го доставил до Апелација се констаира дека тој не соодветствува со примерокот кој првостепениот суд ми го даде на мене по што и јавната седница беше без објаснение прекината но во одлуката на Апелација со која се укинува првостепената пресуда ова констатација се премилчува.И во овој монтиран антибугарски процес односот на судот спрема мене не е променет, но во случајот на претресот по овој предмет одржан на 12.06.2009 година нешто слично се случи и со генералниот конзул Г-н Наум Каичев кој присуствуваше на претресот , кога судијката и покрај тоа што многу добро го знаеше неговот име и презиме на дактилографката намерно и издиктира да запише дека на претресот е присутен Г-н Наум Кичев, што во секој случај претставува понужување како резултат на генетски всадената негативна перцепција на инсталираните антибугарски структури во судската власт на РМ кон се што е Бугарско или поврзано со Бугарија па макар се работело и за дипломати.Овој процес формално сеуште е во тек иако сум убедена дека пресудата тајно веќе е договорена и донесена само се чека процедурално да помине и да се објави.

11.Петти процес кој се води против мене е П.бр.272/08 покренат на 26.08.2008 година со тужба покрената од мојот поранешен сопруг а за измена на одлука за доделување на детето на чување,воспитување и издржување.Фактот што оваа тужба е поднесена на 26.08.2008 година , семенети се двајца судии, и до денес не е решена во првостепена постапка, зборува сам по себе. МЦСР-Гевгелија и при разводот настојуваше детето да биде доделено на чување,одгледување и воспитување на таткото но соочен со зависноста од дрога и условите во кои живее таткото( во еднособен стан заедно со неговата сестра и двајца родители) тогаш се откажа од оваа намера, чекајки подобри времиња.

12.Шести и седми процес, кои исто во Гевгелиискиот суд се во постапка на решавање и одлучување и се водат против мене се Кс.бр.28/09 и Кс.бр.29.09 а се однесуваат на предлози за отповикување на условните затворски казни изречени против мене со

-5-

пресудите погореспоменати К.бр.133/07 од 02.07.2007 година и К.бр.229/07 од 17.12.2007 година.

13.Осма постапка која се води против мене е предметот Кс.бр.52/09 во која со решение Кс.бр.52/09 од 08.06.2009 година ми се наредува на 14.06.2009 година да се јавам во КПУ Идризово на издржување на затворската казна од 3 месеци изречена со пресудата К.бр.98/08 од 10.07.2008 година.Со други зборови со ова решение и дополнително издадениот налог во полицијата за мое приведување и носење на издржување на затворската казна , судот сака без никакво образложение или негирање на лекарски извештај ,насилно да го прекине од надлежната здравствена установа наложено како задолжителното лекување со доење на нашата ќерка , наложено со лекарски извештај од ПЗУ СВЕТИ СТЕФАН- Гевгелија на 09.03.2009 година. Во прилог на ова за насилен прекин на лекувањето на нашата керка со доење а во мегусебен договор помегу судот ,судијката Билјана Николав и социјалните служби, Блага Челева и ЦСР без мое знаење и информирање а само со информирање и доставување на решение бр. 12.1284/10 од 03.06.2009 година до детската градинка од каде јас бев информирана и каде јас ја носев мојата ќерка на дневен престој , одредува нов начин на видување со кој наложува 24 часовен престој на керката со таткото, притоа прекинувајки ги видувањата на таткото со ќерката кои беа одредени и непречено се одржуваа и спроведува со претходно донесеногто решение на МЦСР-Гевгелија бр.12-07/84 од 24.12.2008 година.

На крајот би сакала да истакнам дека јас немам ништо против престојот на ќерката кај таткото и по 24 часа непрекинато но тоа да биде по завршувањето на лекувањето, на почетокот на месец септември оваа година, одредено и наложено како задолжително со лекраскиот извештај или евентуалното побивање на лекарскиот извештај и потребата од задолжително продолжување со доењето до септември ,но и примерок од решението да ми се достави на мене.

Јас не се кријам за да ја избегнам затворската казна туку по завршувањето на од лекар наложеното како задолжително лекување со доење на мојата керка во почетокот на септември ,сама ќе се пријавам во КПУ Идризово на издржување на затворската казна а не тоа насилно и со употреба на сила да го направат судијката за извршување санкции Билјана Николава и директорката на МЦСР-Гевгелија кои и двете иако се во поодминати години немаат осетено и почуствувано мајчина лубов кон свои чеда, а со оглед на возраста тоа и никогаш нема да го остетат.

Гевгелија,2009-07-06 Спаска Митрова,ул„Кукушка„бр.13-Гевгелија

 


Още статии по темата »




М н е н и я

от: Мурџев, ( zivko.cavdarov@yahoo.com )
публикувано: 20.08.2009 22:48:09 часа

То
European Court of Human Rights
CONCIL OF EUROPE
67075 STRASBOURG Cedex, FRANCE

ВРСКА : Ваш број на предметот 42534/09 - Митрова против поранешна југословенска
Република Македонија.

Почитувана госпоѓо , Јовановска - Брезоска,
Го добив Вашето писмо од 10 август 2009 година со прилог 10 налепници со баркод.
Молам Судот мојата жалба во најкус можен рок да отпочне да ја разгледува а од следната причина.
Во последно време во некои од националните медиуми на Република Македонија ,по повод жалбата, против мојата ќерка која е подносител на жалбата а сега се наоѓа на издржување на затворската казна по основ на пресудата по истиот предмет во централниот државен затвор во Идризово-Скопје, се води невидена медиумска кампања која има за цел , градење јавно мислење и создавање впечаток во јавноста дека таа е злосторник број 1 во Македонија каков во историјата на Македонија досега немало.
Имено во серијата такви медиумски настапи, последна беше емисијата „БУМБАР„ емитувата на националната телевизија СИТЕЛ вчера, 19. 08. 2009 година во времето од 16,20 до 17,оо часот.
Во оваа директно пренесувана контактна емисија по нарачка на судиите, кои во стилот на средновековната инквизиција ,без право на одбрана, ја осудија мојата ќерка , од нивни истомисленици и други криминални политички структури , беа јавно и гласно упатувани повици за протерување на мојата ќерка во Бугарија, за прогласување на истата за „persona non grata” и за насилно транспортирање на мојата ќерка но и на моето потесно и пошироко семејство со транспортни железнички вагони во Бугарија. Ова се заедно асоцира на транспортите на Евреите за време на втората светска војна. Водителот на емисијата сите овие „коментари„ спокојно, смирено и со нескриена доза на задовослтво и насмевка ги оставаше да одат во етерот.
Од горните причини а како по оваа емисија ниту советот за радиодифузија ниту било која друга надлежна државна институција досега немаат реагирано, со ова писмо се обраќам до Вас ,горното ставајки Ви го на знаење, бидејки оваа и таквите емисии и пренесување такви „вести„ претставуваат нескриен повик за јавен линч на мојата ќерка, моето потесно и пошироко семејство а никој во државата на тоа не реагира , што укажува дека и некои структури во власта го подржуваат јавниот линч со организирање и на физички ликвидации по повод жалбениот случај.
20. 08. 2009 год Со почит.
од име на Спаска Митрова

Сузана Митрова-мајка на Спаска
Прилог:налепница со баркод.



И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага