начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага

всички теми »


Масакрите над болгарите од комунистическата власт - началото

дата: 03 Юни 2010 г. , автор: Георги Чекутков - од Македония

Авторът разказва за най-масовите масакри на макединистите срешту болгарите,изваршувани непосредно след Втората светска война...

15.01.1945. - Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Титова Македонија. Без судење и почитување на презумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели”. Масакрот е прогласен за „државна тајна” (!?). Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21”, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал”. Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран. Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски. Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење. Според д-р Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.Се поставува прашање за одведените 820 лица на Голи Оток , каде што „живите им завидуваа на мртвите”, за мистериозните убиства на скопското Кале (1945),кога група на македонски партизини ја истакнаа паролата-НЕ НА СРЕМ,НА СОЛУН, за масовните убиства во Куманово (1945 - при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат) и во Ресен (1945), за 53 стрелани без судење во Велес (1945), за бројните поединечни убиства, стрелања без судење, затворања, интернирања (Илија Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Мире Анастасов, В. Марковски). Порачаните убиства на Лена Стојчевска (нејзиниот убиец В. Бурзевски пред неколку години во присуство на повеќемина историчари изјави: „Да ми наредеше Партијата, и мајка ми ќе ја убиев”) и на Панде Чесноска (во присуство на народниот херој З. Билјановски и М. Мицајков)? Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени (по наредба на месниот комунистички функционер М. Минанева).Сите овие македиксно патриоти ги вкусија суровите и немилосрдни методи на малтреиирања од комунитстичките власти,само затоа што се бореа за Независна Македониа и за самобитноста на македонскиот народ под закрила на В.М.Р.О. Е, барем за овие случаи Сојузот на борците требаше да има храброст и доблест да се извини и да се огради од незаконските репресии и тоталитаризмот во своите редови, од сите оние што го компромитираа и го вулгаризираа социјалистичко-комунистичкиот систем.

Тоталитаризмот на македонскиот комунизам се прикриваше под маската на „југословенскиот (српски) врховизам“, односно слепо и крваво зачувување на Македонија во рамките на Југославија преку елиминирање на целокупната политичка опозиција во Македонија, која по Втората светска војна се појави и дејствуваше за самостојна Македонија, за Македонија без тутор,за исконската В.М.Р.О,а ваквиот т.н. црвен терор, за разлика од другите источноевропски држави, па и поранешни југословенски републики, е мошне карактеристичен, бидејќи станува збор за лица кои се бореле за самостојна, независна, обединета и демократска македонска држава, што во 1991 година стана и реалност.


Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага