начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Паско Кузман и другите псевдоисторичари ни излагат пред Светот

дата: 23 Юни 2009 г. , автор: :Мария Станковска од Сорбоната,Франциjа

Авторката смята,че псевдоисторици като Паско Кузман излагат Македония пред света и служат на Гръцката и Българската "пропаганда".Тя казва,че всички се смеят вече на нивото на македонските "историчари" и никой в целия свят не ги взема на сериозно.Особено важно етова,че явно сериозната изследователка смята ,че в тезата за българския произход на македонците има "поне малко истина":

ДУЕЛОТ КУЗМАН-ГЕОРГИЕВСКИ КАКО ПОВОД

За „етногенезата“, нацијата и сличните куриозитети

Најголемиот коз на Македонија во прашањето за името е правото на самоопределување, а не докажувањето на античките корени. Но, дали немаме доволно капацитет кај специјалистите по меѓународно право, па оставивме оваа битка да ја водат недоучени историчари, кои однапред се осудени на пораз?

Историчарите кои вестниците ги контактирале за мислење по ТВ-дуелот на „А2“ за прашањето колку сме Словени, а колку антички Македонци, не го дале своето мислење со оправдување дека не го гледале дуелот! Не знам за кои историчари станува збор, но очигледно е дека постои страв да се искаже своето мислење. Од што се плашат контактираните историчари - не знам, но знам дека дуелот утредента беше достапен на интернет-страницата на „А1“ и јас, иако живеам надвор од Македонија, го гледав. Чудно што на историчариве не им текнало за оваа опција. Не сме барем до толку античко општество да не помислиме на интернетот како решение за испуштената многу важна емисија, која ни дава јасна слика за еден важен елемент на нашата политика, која ја креира нашата иднина.

Самото прашање „дали сме Словени или антички Македонци“ е смешно и преставува автогол. Терминот „етногенеза“ е многу опасен и напуштен во сите научни кругови што се занимаваат со антиката. И кога условно се употребува (секогаш во наводници), терминот во никој случај не се однесува на врска помеѓу денешните народи и античките. Терминот „етногенеза“ е многу присутен во педесетите години од минатиот век во бугарската историографија, кога се појавува т.н. „тракоцентризам“, односно, Бугарите се сметаат за директни потомци на Траките, па се' што има каква било врска со Траките е бугарско по дефиниција. Слично така они тврдат дека ние сме бугари ( во што има немалку вистина) .Сега, ние задоцнето пројавуваме некој „бригоцентризам“, нашите соседи во Албанија „илироцентризам“ и слично. Сево ова е, едноставно речено, жално. Никој од историчарите и археолозите во Франција и во Велика Британија, на пример, не се занимава со „етногенеза“ на нивниот народ. Замислете ги Французите како се обидуваат да премерат колку се Гали, а колку Франки?! И затоа нивниот идентитет не е дискутабилен.

Ние, пак, се обидуваме да одговориме на прашања за кои е невозможно да се даде одговор и на тоа ја базираме суштината за опстојувањето на нашиот идентитет! Уште долго, долго ќе не нема во светските научни кругови. Кога не' гледаат од страна, не' сожалуваат колку сме неуки! Се правиме учени изнесувајќи фрази од типот „ние не сме никнати од земја“, „Словените дошле на територија на која некој живеел и се мешале со тие жители“ и слично. Ова не се објаснувања на кои местото им е пред кој било човек што завршил средно училиште, а камоли пред научната јавност. Народ никнат од земја никаде не постои и целата Земјина топка (освен Северниот и Јужниот Пол можеби) била населена со луѓе што и' припаѓале на оваа или онаа поголема група народи и пред кои имало други, кои можеби различно биле нарекувани! Ваквите објаснувања за мешање на едни со други се сосема излишни и интелигенцијата на јавноста во Македонија не треба да се потценува со вакви изјави.

Каде лежи основната грешка на нашата политика, која толку многу е опседната со антиката? Во галиматијасот што се прави меѓу поимите народ и нација, а потоа во обидот така измешаниот хибрид од денешнината да се проектира во антиката. Идејата за нација и за национална држава се јавува во 19 век и во никој случај не можеме да ги бараме во антиката истите постулати, кои сега важат за дефинирање на еден народ. Дури и во антиката, со текот на вековите, се менувало значењето на поимот Македонија и Македонец. Што е Македонија во 5 век пред нашата ера, што во 3 в. п.н.е., а што во 3 од наша ера, воопшто не е исто прашање и не е баш така лесно да се одговори. Исто важи и за термините што се однесуваат на народите од антиката. А ние, како да ги имаме сиве овие одговори, па уште поавантуристички се стрмоглавуваме во давање одговори од типот „еволуција од неолита до Тита“.

„Нација“, па дури и „народ“ е фиктивен поим. Некои елементи што се заеднички за една група луѓе, во еден момент се земаат како детерминирачки истата таа група луѓе да се дефинира како посебна, издвоена од другите. Тоа некогаш се јазикот, културата, религијата и слично. Но, во текот на историските периоди, овие критериуми не се секогаш истите. Денес сме мултикултурално општество и јасно е дека терминот Македонец денеска е одреден од други постулати. Во антиката ова прашање е, исто така, комплексно. А ние, по параметрите што важат за национална држава, сакаме да ја одредиме националноста на античките Македонци и, згора на тоа, да ставиме знак еднакви помеѓу нас и нив! Ист пораз доживуваме доколку сакаме да ставиме знак еднакво помеѓу Словените, Пајонците или кој било народ што ја населувал оваа територија во античкиот период и нас. Тоа не' прави смешни во очите на светот и сосема сериозно ја поткопува нашата позиција во проблемот со името.

На писмото што му е испратено до Обама, на кое тој се повикува да интервенира за да, цитирам, „расчисти некои историски урнатини оставени од претходната (американска) администрација“ во врска со Република Македонија, се потпишани двесте еминентни професори и научници. Во него, Грците се обидуваат да ја оправдаат својата позиција дека Македонија нема право да се вика така. Оспорувањето на стручноста на овие луѓе би била смешно зашто се имиња што целиот свет ги признава. Зошто сите тие научници се потпишани во писмото? Прво, од една страна, сите историски факти изнесени во писмото се вистинити, било да се работи за границите на античка Македонија, за јазикот кој се употребувал или за историјата на Пајонија.

 Затоа луѓето се потпишале на писмото, а не затоа што се платени од грчкото лоби, што ја сакаат Грција или копаат на нивните локалитети. Грците, велат дека Александар Велики бил Грк (што можеби е дискутабилно, ако се земе предвид што значело во тоа време да си Грк и кои биле параметрите што одредувале дали си Грк или не во негово време), но тие никогаш не кажаа дека тие, денешните Грци, се истите оние Грци од антиката! Токму во тоа е луцидноста на Грците. А, жално е тоа што самите ние битката за името ја пренесовме на такво поле и заземавме таков став, што како и да извртиме, 100 отсто излегуваме губитници и остануваме сами против сите! Доколку Грците почнат да пропагираат дека тие се античките Грци, сите симпатии на светските научници ќе се свртат на наша страна. Но, писмото содржи еден елемент кој Македонија треба да го истакне во своја корист. Тоа е фактот што преку дефинирање на поимот Македонија од пред времето на Александар, Грците сакаат да докажат дека ние немаме право на ова име и го повикуваат Обама да ја преиспита одлуката на претходната администрација, која не' призна со ова име!

А зошто, ве молам, да се задржуваме на 4 в. н. е? Модерните народи се создаваат во 19 век. А поимот Македонија и Македонци од времето на Александар напреднал и се менувал и ние имаме неоспорни докази што ни даваат право на ова име. Што се однесува на антиката, неа не можеме да ја присвоиме, но имаме право на неа исто колку и денешните Грци. Тоа што денешните Грци го населуваат најголемиот дел од територијата на стара Грција и делат еден многу силен културен елемент со античките Грци (јазикот), тоа не значи дека се нивни директни потомци! А ние, а приори, со сите дебати и анализи, така ги карактеризираме! Ако кажам дека Александар зборувал грчки тоа не значи дека го сметам за прадедо на Јоргос од село Колопетиница, во соседна Грција, а нашиот Митко од Подуево го лишив од биолошкиот прадедо! И на сите научници што го потпишале писмото треба да им се одговори со прашањето дали нивните матични земји одговараат на името што таа територија го носела во 4 в. п.н.е? Особено на оние од Запад. И да се матираат со тоа дека се ставени во служба на една пропагандна машинерија, со која на еден народ му се оспорува правото на самоопределување. А ние, наместо да сме горди на своето потекло, кое е толку комплексно, се доведовме до лудило да си го поткопаме сопствениот идентитет копајќи по корените и сакајќи статистички да го измериме нивниот состав! Најголемиот адут на Македонија во прашањето за името е правото на самоопределување, а не докажувањето на античките корени. Но, дали немаме доволно капацитет кај специјалистите по меѓународно право, па оставивме оваа битка да ја водат недоучени историчари, кои однапред се осудени на пораз?


Марија Станковска -Ѕамали (Авторката има докторирано на Универзитетот Париз 4 -Сорбона, на отсекот Историја и цивилизациЈа на античкиот свет)



Още статии по темата »




М н е н и я

от: miko, ( boshkov@live.com )
публикувано: 04.07.2009 22:35:15 часа

Bravo!!
Mnogu hubavo napishano.
Samo. koj ke te razbere?? :-)



И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага