Охридската архиепископија е создадена од бугарскиот двор, тврди бугарски академик
Охридската архиепископија е создадена од бугарскиот двор, затоа Македонската православна црква нема право да ја присвојува и да ја краде од бугарскиот народ и црква, тврди историчарот Георги Марков, бугарски академик и директор на Институтот по историја. Според Марков, македонската православна црква се обидува да присвои дел од бугарската историја.
- Охридската архиепископија е дел од бугарската историја и од Бугарската православна црква, тврди Марков.
Зошто сметате дека Охридската архипископија и припаѓа на Бугарската црква?
- Василиј Втори по распаѓањето на царството на цар Самоил ја формирал Охридската архиепископија која траела до 17 век. Така да тоа е уште еднаш повторувам дел од историјата на Бугарската православна црква, вели Марков.
Академикот Марков тврди дека неговите искази се научни и дека немале никаква политичка позадина.
- Од нас не зависи. Зависи од Патријархот. Јас се изјаснив како историчар, а тоа се односи меѓу двете цркви, тврди Марков.
Директорот на институтот за историја, заедно со неколку други пробугарски македонски патриотски организации од Канада , од Австралија и Франциjа пред неколку дена испратија отворено писмо до бугарскиот Патријарх Максим од кого бараат бугарската црква да реагира на присвојувањето на името на Бугарската охридска архиепископија од страна на неканонската и неавтокефалната Македонска православна црква.
Канал А1 ( Скопска телевизиja )