начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага

всички теми »


Тъжба до Управниот суд на Република Македония

дата: 21 Септември 2009 г. , автор: Сдружение РАДКО

В тъжбата се предявява искането за ПРЕРЕГИСТРАЦИЯ на Сдружението РАДКО...

Изтегли делото в pdf формат.

Здружение РАДКО

Претседател

Владимир Паунковски

ул. Галичица бр. 47, 2/4

6000 Охрид

GSM: + 389 71 51 08 26

Е-Mail: radkomk@gmail.com

Website: www.radkomk.com

 

   До

УПРАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                   ул. Орце Николов б.б.

     1000 СКОПЈЕ

 

ТУЖИТЕЛ: Здружение РАДКО, Претседател Владимир Паунковски ул. Галичица бр. 47, 2/4 6000 Охрид.

 

ТУЖЕН: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ - СКОПЈЕ.

 

ПРЕДМЕТ: УПРАВЕН СПОР против РЕШЕНИЕТО Бр. 18-80/2 од 31.08.2009г..

 

ТУЖБА

 

Во 2 примерока.

Со 6 прилози.

 

Со РЕШЕНИЕ Бр. 18-80/2 од 31.08.2009 г. (Примено по пошта на ден 05.09.2009г.), тужениот, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ - СКОПЈЕ, како второстепен орган, ЖАЛБАТА Бр. 08-639/3 од 06.08.2009г. изјавена от тужителот против РЕШЕНИЕТО Бр. 08-639/2 од 31.07.2009г., донесено од ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР како првостепен орган, ЈА ОДБИ КАКО НЕОСНОВАНА, НО ИЗРИЧНО НЕ ГО ПОТВРДИ ПРВОСТЕПЕНОТО РЕШЕНИЕ.

Доказ:

01.        РЕШЕНИЕ Бр.08-639/2 од 31.07.2009г. (Копие, прилог кон ТУШБАТА);

02.        ЖАЛБА Бр. 08-639/3 од 06.08.2009г.. (Копие, прилог кон ТУШБАТА);

03.        РЕШЕНИЕ Бр. 18-80/2 од 31.08.2009 г.. (Копие, прилог кон ТУШБАТА).

Незадоволен од првостепеното и второстепеното РЕШЕНИЕ благовремено и во законски рок од 30 дена ја поднесувам оваа ТУЖБА за поведување на УПРАВЕН СПОР заради следното:

01.        Суштински повреди на одредбите на постапката;

02.        Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба;

03.        Погрешна примена на матерјалното право, односно повреда на матерјалното право.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Побиеното РЕШЕНИЕ Бр. 18-80/2 од 31.08.2009 г. ги содржи наведените повреди, пропусти и грешки, бидејки и двата органи, ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР како првостепен орган и РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ - СКОПЈЕ како второстепен орган, не ги земаат во предвид следните факти и  документи:

  1. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ е ратифицирана во МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ и е составен дел на правниот поредок во Република Македонија. Сите права и слободи кои се регулирани со оваа конвенција се заштитуваат пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Затоа институциите и судовите во Република Македонија треба непосредно да ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и во образложенијата на своите РЕШЕНИЈА треба да се повикуваат на РЕШЕНИЈАТА на овој суд.
  2. Здружението РАДКО беше регистрирано во “Регистарот на здруженија“ на ден 19.06.2000г. под бр. Рег.Згфа.бр.18/2000 со Решение на Основниот суд – Охрид. Уставниот суд на Република Македонија на ден 21.03.2001г. ги прогласи за ништaвни програмата и статутот на здружението повикувајки се на Член 4 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите. Ова Решение на Уставниот суд на Република Македонија беше публикувано во Службен Весник на Р.М. бр. 27 од 10.04.2001г.. Здружението незадоволно од Решението на Уставниот суд на Република Македонија направи жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Страсбург. Жалбата беше регистрирана под бр. 74651/01 на ден 04.10.2001г.. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на ден 15.01.2009г. донесе пресуда дека Република Македонија ја нарушила Европската конвенција и правото на здружување. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) со писмо од 05.05.2009г. го информира здружението РАДКО дека пресудата донесена на ден 15.01.2009г. станала правосилна, бидејки Република Македонија не се жалила на горенаведената пресуда.
  3. Со писма од 22.05.2009г. испратени до Министерство за правда на Република Македонија, до Уставен Суд на Република Македонија и до Основен суд – Охрид побарав по службена должност да се изврши возобновување на регистрацијата на здружението РАДКО, согласно пресудата бр. 74651/01 од 15.01.2009 г. на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и потврдата за правосилност на истата од 05.05.2009г.. Министерство за правда на Република Македонија (Министер г-н Михајло Маневски) со писмо бр.07-2515/2 од 28.05.2009 г. ме упати на повторна пререгистрација, наместо да постапи согласно пресудата бр. 74651/01 од 15.01.2009 г. (Копие, прилог кон ТУЖБАТА). Уставен Суд на Република Македонија не одговори. Основен суд – Охрид со писмо Су.бр. 03-261/09 од 27.05.2009 г. ме информира дека повеќе во Основните судови не е надлежноста за регистрација на Здруженија на граѓани.
  4. Врз основа на овие писма и врз основа на РЕШЕНИЕТО на ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР Бр. 08-639/2 од 31.07.2009г. здружението РАДКО, преку сопствениот адвокат којшто го застапуваше здружението пред Европскиот суд за човекови права, со писмо од 31.08.2009 г. го информира г-н Самуел Жбогар ПРЕДСЕДАТЕЛ НА КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ на ПАСЕ дека Република Македонија досега не ја почитува пресудата бр. 74651/01 од 15.01.2009 г. на Европскиот суд за човекови права.
  5. Повторно повикување од страна на ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР за усогласување на нашата Програма и Статут со член 4 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите, а при суштествување на пресуда бр. 74651/01 од 15.01.2009г. од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и потврдата за правосилност на истата од 05.05.2009г. е чисто политичко барање коешто е мотивирано од политички интереси. Во неможноста и немањето на правни и законски основи и аргументи ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР поставува политички услови и критериуми за пререгистрација на здружението.
  6. Барањето од страна на ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР нашите приложени акти да бидат за ново основање на здружение, а не за континуитет на здружението РАДКО, а при суштествување на пресуда бр. 74651/01 од 15.01.2009 г. од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и потврдата за правосилност на истата од 05.05.2009г. е исто така политичко барање коешто е мотивирано од политички интереси. Континуитетот на здружението во приложените Акти до ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР требаше задолжително да биде наведено. На тоа не обврзува пресудата бр. 74651/01 од 15.01.2009г. на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и потврдата за правосилност на истата од 05.05.2009 г.

Согласно горе изнесеното, коешто претставува фактичка состојба, а е поткрепено со конкретни докази (6 Прилози кон тужбата), тужителот неоспорно ги исполнува сите пропишани со закон услови за пререгистрација на здружението РАДКО.

Согласно горното му предлагам на судот да ја донесе следната,

 

ПРЕСУДА

 

Оспореното РЕШЕНИЕ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ - СКОПЈЕ Бр. 18-80/2 од 31.08.2009г. се ПОНИШТУВА и се задолжува тужениот да донесе РЕШЕНИЕ со кое на тужителот му се прифаќа барањето содржано во пријавата за упис на здружението РАДКО, без дополнителни барања коишто се мотивирани од политички услови и критериуми.

 

22.09.2009г.

ОХРИД

 

ТУЖИТЕЛ

         Претседател

 Владимир Паунковски

 

 

Прилози кон ТУЖБАТА:

01.   Копие на писмо бр.07-2515/2 од 28.05.2009г. од страна на Министерство за правда на Република Македонија;   

02.   Копие на Известувањето НА ЦЕНТРАЛЕНИОТ РЕГИСТАР Бр. 08-634 од 21.07.2009г.;

03.   Копие на Одговор на здружението РАДКО до ЦЕНТРАЛЕНИОТ РЕГИСТАР Бр. 08-639/1 од 27.07.2009 г.;

04.   Копие на Решение на ЦЕНТРАЛЕНИОТ РЕГИСТАР Бр. 08-639/2 од 31.07.2009г.;

05.   Копие на ЖАЛБА Бр. 08-639/3 од 06.08.2009г.;

06.   Копие на РЕШЕНИЕ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ - СКОПЈЕ Бр. 18-80/2 од 31.08.2009г..



Още статии по темата »




М н е н и я

от: ilqzoC6c, ( 9u4fyyorz95@gmail.com )
публикувано: 28.06.2016 14:15:38 часа

I love these arlcites. How many words can a wordsmith smith?



И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага