начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Македония засрамена и за Охрид и за Спаска

дата: 05 Септември 2009 г. , автор: Free Macedonia

Македонскиот новинар Гоце Михайловски признавува дека Скопие е засрамено и за случая Охрид и за отнощението към Спаска Митрова...

„Македонија засрамена како и за Спаска“

 

06.09.2009 16:29
Бојко Борисов
 

Селото Антон е завиено во тага. 8 од 15 бугарски туристи што ги изгубија животите во вчерашниот бродолом на „Илинден“ се од ова место, лоцирано 80-тина километри источно од Софија.

Меѓу жртвите од селото кое има само 1.600 жители се и две млади жени со дете. Локалната власт објави тридневна жалост.

38-те преживеани бугарски туристи стигнаа во Софија синоќа во 22 часот и 20 минути по бугарско време со владиниот авион Тупољев. Ги пречека лично премиерот Бојко Борисов, кој беше директно инволвиран во организирањето на транспортот.

„Виновниците сигурно ќе бидат пронајдени. Знам дека има уапсени, знам дека министри си поднесоа оставки во Македонија. Но, повторно, и по овој случај се засрамени како и за Спаска. Останува да ги следиме работите“, вели Борисов.

Видно потресени од трагедијата, преживеаните раскажуваа како бродот прво се навалил настрана, а потоа за една минута потонал.

Од аеродромот, сите преживеани беа веднаш беа префрлени во софиската воена болница на задолжителен преглед. Од нив, ноќта таму ја поминаа 10, а останатите со владини возила и полициска придружба до полноќ беа однесени во своите домови. Од задржаните, 6-мина утрово биле пуштени на домашно лекување. Во воената болница се уште се наоѓаат 4 лица. Еден маж со скршеници, жена со пневмонија, како и две жени, мајка и ќерка, во тешка шокова состојба - во несреќата ја загубиле својата друга ќерка односно сестра.

Борисов успеа да ја замеша и Спаска во трагедијата
 

„Два брода имаше околу кои фрлаа појаси за спасување. Рипаа луѓе за да ги спасат другите. Јас не бев таму, но тие што ги вадеа, помагав“, изјави сведок.

Бугарското обвинителство утрово започна паралелна истрага за причините за несреќата.

За почеток ќе ги користи снимките од потонувањето што Иванов вчера му ги предаде на Прванов. Бугарските истражни органи посебно внимание ќе насочат кон организаторот на турата Фара тур, како и за Клјунчев турс, кој го вршел превозот.

Официјална Софија утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост, а на семејствата на загинатите им додели еднократна помош од по 5 илјади евра.

Дамјан Варошлија - web новинар



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага