начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Един македонски интелектуалец в защита на Спаска Митрова

дата: 14 Август 2009 г. , автор: Branko Geroski

С различни уговорки ,все пак ,македонски интелектуалец защитава Спаска Митрова като майка преди всичко...

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ИЛИ ПЛАНОВИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА?
Србија не вовлекува во косовскиот лонец

Србија сака да ја вовлече Македонија во евентуална нова криза на Косово, со цел да ги подобри своите позиции, велат експертите. Во последниот период зачестија написите во српските медиуми за загрозеноста на Македонија и за опасностите што ја демнат нашата земја поради се поизвесното намалување на бројот на војници на КФОР на Косово. Прво српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за едно белградско воено списание рече дека е факт дека постојат терористички групи и кампови во Северна Македонија, а деновиве весниците „Политика“ и „Данас“ во серија текстови пренесуваат тврдења на разузнавачки извори дека на Македонија и се заканува поделба откако КФОР ќе го намали своето присуство во регионот на само околу 2.500 војници. „Донесен е и заеднички план на албанските интелектуалци од Албанија и од Косово, за создавање на ‘природна Албанија‘. Според планот, прво треба да се создаде ‘голема Албанија‘, а потоа да се зачлени во Европската унија. Фронтот за национално обединување на Албанците, чиешто воено крило е Албанската национална армија во Македонија делело летоци со кои се повикува на создавање ‘голема Албанија‘. Со еден збор, големоалбанските сепаратисти наголемо се подготвуваат да ја завршат работата, почната со сецесијата на Косово“, пишува „Данас“. Нашето Министерство за внатрешни работи демантира дека има какви било закани за безбедноста на државата. Според МВР, безбедносната ситуација во земјата е на задоволително ниво и нема сознанија за постоење на терористички групи. Доколку добијат некаква информација, од МВР велат дека соодветно ќе реагираат, но не сакаат да коментираат медиумски написи. Експертите, пак, за безбедносни прашања тврдат дека нема реална опасност за Македонија. Според нив, Србија се обидува преку вовлекување на Македонија да извлече корист за себе. - Не верувам дека Македонија би била вовлечена во некаква глобална дестабилизација. Вакви сценарија правеше и Милошевиќ, а очигледно ги користат и неговите наследници. Тоа би било олеснување за Србија, која сака да докаже дека Албанците се дестабилизирачки фактор. Разбирлива е нервозата во Србија по намалувањето на бројот на војниците на КФОР на Косово и изјавата на албанскиот претседател Сали Бериша, кој повторно го разбуди сонот за голема Албанија - објаснува поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
Според него, Србија ја користи се уште недокрај средената ситуација во северниот дел на Македонија, иако нашите оперативни служби тврдат дека нема никаква опасност. Но, според Трајанов, тие процени понекогаш знаат да бидат и нашминкани со цел да не се нарушат внатрекоалициските односи во коалицијата. - Не знам дали има приврзаници на АНА. Но, дури и да се случат некакви инциденти, тоа би биле поситни случаи. Македонија сега е далеку поискусна и поподготвена и доколку и се случи нешто тоа брзо ќе биде неутрализирано - вели Трајанов. И според професорот Благоја Марковски, нема услови за предизвикување криза во Македонија, иако е факт дека државата не контролира некои делови од територијата. - Во Македонија има уште остатоци од АНА од 2001 година, посебно во северниот дел, околу Танушевци и Брест, каде што државата, реално, нема контрола. Но, тие немаат никаква политичка поддршка од политичките партии, туку дејствуваат самостојно. Условите во Македонија се такви што не може да се предизвика криза - вели Марковски.
Запленето оружје на Нацист
Големо количество оружје пронашла српската полиција, по неколкумесечна истрага, во близина на селото Кончуљ, кај Бујановац. Оружјето, ставено во метална цистерна, било закопано на 1,5 метар длабочина во земја, на самата административна граница меѓу Србија и Косово. Српскиот весник „Прес“, повикувајќи се на полициски извори, пишува дека оружјето таму го сокрил Лирим Јакупи-Нацист, за кого македонската полиција има распишано потерница.
Според српското МВР, биле најдени еден бестрзаен топ, три минофрлачи со калибар 81 мм, шест рачни фрлачи, осум противтенковски мини, 16 противпешадиски мини, 24 проектили за рачен фрлач, 150 мини за минофрлач, 139 рачни бомби, 96.800 куршуми со калибар 7,62мм, 4.000 куршуми со калибар 12,7мм и три држачи за пушкомитралези.

 Џоле магична крпа

Ѓорге Иванов, човекот што ја носи престижната титула претседател на Републиката, која го обврзува во светот достојно да ја претставува македонската политичка нација, е жив доказ дека никој на човека не може да му нанесе толкаво зло колку што може тој самиот. Просто, не можам да поверувам со каква суицидна енергија Иванов го урнисува својот и така скромен имиџ на тазе политичар и бајат интелектуалец, кој барем на теренот каде што би требало да се чувствува супериорен, не би смеел да прави неразумни, да не речам глупави компромиси.
Иванов не е кривичар, но сепак е професор на Правниот факултет во Скопје. Тоа не е мала работа. Ако ништо друго, би требало да му биде познат темелниот принцип на поделба на власта на законодавна, извршна и на судска. Тоа е постулат врз кој почиваат современите политички системи во светот. Ако е така, тогаш Иванов, во својство на претставник на извршната власт, не смеел ниту на сон да помисли да изврши притисок врз судската власт, а уште помалку да дозволи тоа да го прави претставник на извршната власт на друга држава. А Џоле, пустиот, се фати токму во таква, опасна стапица! Според тоа што беше соопштено во медиумите (брифирани од кабинетот на претседателот, нормално), Иванов имал телефонски разговор со својот бугарски колега Георги Перванов, во кој ги разгледале можностите како да и се помогне на бугарската државјанка Спаска Митрова, која гевгелискиот суд ја осудил на тримесечна затворска казна поради банален престап. Двајцата претседатели веднаш ја отфрлиле уставната можност Иванов да ја помилува затвореничката (процедурата била подолга од казната), но затоа и“внимавајте сега! - разговарале за можноста судот да ја ослободи затвореничката од хуманитарни причини.
Од информациите за случајот на Митрова, што ги соопштија медиумите, јас заклучувам две работи: прво, пресудата против оваа млада госпоѓа, дефинитивно, стои на стаклени нозе; и второ, сосема е можно одлуката на Митрова да стане бугарска државјанка да имала влијание врз однесувањето на судот, можеби не толку поради резервите кон нејзината лична определба, колку од страв од комликации и манипулации. Значи, да бидеме сосема на јасно - јас не кријам дека моите симпатии во случајов се на страната на Митрова, но не од „хуманитарни причини“, во кои е рубрикувана и евентуалната потреба да го дои своето двегодишно дете (нека е живо и здраво, но време му е да се одбие од цицка). Не, јас мислам дека бугарската државјанка има солидни правни аргументи да ја истера правдата.
Освен тоа, не само што не ми пречи, туку и ме восхитува грижата на бугарските државни раководители за своите државјани. Без трошка цинизам, посочувам на односот на бугарските дипломати при апсењето на поранешниот министер за здравство Владо Димов, носител на бугарски пасош, по комичната потерница од Македонија. Не сум баш уверен дека иста грижа уживаат и бугарските државјани од Бугарија, но тоа е веќе друга приказна. Иако Ѓорге Иванов премногу често и непристојно го нарекувам Џоле и правам шеги на негова сметка, би сакал во првата сериозна неприлика, тој, во својство на шеф на држава, кон мене, во својство на носител на македонски пасош, да се однесува како Перванов кон Спаска Митрова.
Но, неправдата во случајот „Митрова“, колку и да ги оптоварува односите меѓу двете земји, не може да се исправи со неправни средства. Со никого не смеел Џоле да разговара за можноста судот да ја ослободи Митрова. Со никого, па ни со самиот себе (ако евентуално почнал и тоа да го прави). Неговиот разговор со Перванов на таа тема претставува груб притисок врз судот и тешка повреда на принципот на поделба на власта, зрела да предизвика импичмент. Иванов нема уставно овластување да посредува меѓу затвореничката и Судот за ова прашање. Тој има на располагање прецизни уставни ингеренции да ослободува затвореници по своја волја, но во строго пропишана постапка. И тоа е се.
Иванов еднаш веќе го искористи своето право да помилува. За жал, самиот од тоа направи лакрдија, невешто обидувајќи се да ја смени својата одлука да му ја скрати затворската казна на Ламбе Арнаудов. Во Охрид, каде што бев кога ја слушнав веста за оваа комедија, сите знаат зошто Иванов прво го помилувал Ламбета, а потоа се премислил. Тоа е една тажна приказна, која многу лошо зборува за карактерот на човекот што го избравме да ни биде шеф на државата. Но, барем од правен аспект, помилувањето на Арнаудов не беше спорно и“обратно, спорно беше повлекувањето на одлуката, веќе објавена во „Службен весник“, но се чини немаше заинтересирана страна од тоа да направи фрка.
Било како било, се покажа дека кога тоа го налага политичкиот опортунитет, Иванов знае да посегне и по неправни средства да спроведе нечија политичка волја. Или нечиј каприц. Ајде, треба да бидеме отворени: не можел Џоле да ја смисли оваа работа со спасувањето на Спаска, без да го праша својот шеф Никола Груевски (а, на истата адреса треба да се бара и причината за повлекувањето на помилувањето на Арнаудов). Па, дури и да станува збор за самостојна одлука на претседателот да интервенира во случајот на Митрова, тој мора да сфати дека на шефот на државата не му е дозволено да дејствува во стилот „како мали Ѓокица замишља“. Никој сериозен, се разбира, од Иванов не очекува да товари претежок товар на своите нејаки плеќи, да биде чувар на Уставот или огледало на нацијата што претендира да стане европска. Но, може да покаже барем малку достоинство. Па не мора, бре, да биде третиран како крпа за бришење. Срамота е!
Зашто, дури и магична крпа да си, Џоле мој, ни таа не трае вечно. А и евтина е.



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага