начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Още една българска поданичка тръгва по "мъките" на Спаска Митрова

дата: 14 Август 2009 г. , автор: Free Macedonia

Македонските власти категорично отказват на българската поданичка паспорт зъ България...

Македонка спречена да го види синот во Бугарија

Сузана Тасева  
14.08.2009 16:36
Николина Динева
 

Од 16 август лани 25-годишната Николина Динева од Богданци се обидува да добие виза за Бугарија.

Сите нејзини обиди завршиле без успех. И по една година таа не може да го види својот две и пол годишен син кој живее со семејството на нејзиниот сопруг во Стара Загора, жали што една година не е во неговиот живот и се плаши дека тој ја има заборавено.

„Не сум го видела детето цела година, од 16. август. Сега свекрвата го чува детето. Многу е тешко без детето и ако имаш проблеми во бракот, не значи дека не треба да си го видиш детето“, рече Николина Динева.

Николина Динева се омажила во Бугарија во ноември 2006 година, а нејзиниот сопруг, бугарски државјанин и жител на Стара Загора, го запознала на одмор на брегот на Црното Море.

Две години потоа таму престојувала со бугарска привремена лична карта која се продолжувала на шест месеци, но го пропуштила рокот.

 
 

„Отидов во полицијата, таму ми рекоа - сега ќе си платиш казна 300 евра, ќе одиш пак во Македонија, ќе си бараш виза и за две до три недели ќе бидеш тука и ќе немаш проблеми бидејќи веќе си ја имала таа Д виза“, раскажува Николина.

Но, и по една година Николина се уште е во Македонија и моли за виза во Бугарија. Според неа, бугарскиот конзулат во Битола бара документ за местото на живеење што таа оттука не може да го набави.

И испратиле еден во кој се потврдува дека таму живее и плаќа кирија, но во Конзулатот барале договор за наем на станот.

„Значи јас не можам да го имам тој документ заради тоа што станот во Стара Загора кај што седиме, не е пријавен во полицијата и газдите на станот го немаат тој документ, оти немаме направено договор“, вели Николина.

А1 побара одговор во Конзулатот во Битола, зошто Николина Динева не може да добие виза за Бугарија. Но, и по три дена одговор оттаму се уште нема.



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага