начало   контакти
vardar@art.bg


Исторически архив
Документи
Македония
Малко смех
М У З И К А
Новини
История на изкуството: http://classica.art.bg/
ПОЕЗИЯ
Фотогалерия
литература
Книжарница "История" предлага
Религия: Православно християнство
Религия: Католицизъм
Религия: Протестанство
I Българска държава
II Българска държава
III Българска държава
Списание "Исторически архив"
Изкуство и култура
Здраве и спорт

всички теми »


Албанците дефинитивно напущат Парламента на БЮРОМ

дата: 09 Август 2009 г. , автор: Гойко Ефтовски - Македония

Авторът само предава думите на албанският лидер Мендух Тачи ,обвиняван за пробългарска позиция ,поради официално обявеното му желание да преговаря в София...

Албански лидер с пробългарска ориентация пред Македонските медии


Партијата на Мендух Тачи од идната седмица дефинитивно го напушта парламентот

Гојко Ефтовски

ТЕТОВО - Од идната седмица ДПА дефинитивно го напушта Собранието. Партијата предводена од Мендух Тачи бара од политичкиот опонент ДУИ да се повлече од власта, бидејќи Македонија тоне во економска и политичка криза, а оваа Влада не е во можност да се справи со проблемите. Тие уште сметаат дека соседите треба да се придобијат како пријатели.



Ова се основните пораки што на средбата со новинарите во Тетово ги пренесе лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој уште изјави дека размислувал да побара Албанија да стави вето на членството на Македонија во НАТО на минатонеделната средба со премиерот Сали Бериша. „Мислам следниот пат да го побарам тоа“, рече Тачи.

„Одлуката да се повлечеме од парламентот не е опструкција туку превенција за лошите работи што се случуваат во земјава. Се повлекуваме и најавуваме дека ќе дејствуваме како конструктивна опозиција. Ќе дејствуваме рационално и демократски, но нема да попуштиме од нашите барања“, ја образложи одлуката Тачи. Тој на новинарска забелешка дека гласовите на граѓаните ги добиле за да дејствуваат во Собранието рече: „Го добивме гласот на нашиот електорат за да работиме во парламентот, но според платформата на партијата. Бидејќи таа наша програма се разбива, мораме на ваков начин да пристапиме“.

На забелешката дека вчера во Охрид американскиот амбасадор Рикер бил категоричен ДПА да остане во парламентот, Тачи вели: „Го разбирам барањето на Рикер, но сметам дека нашите пораки во Владата сериозно не се сфаќаат. Луѓето што прават виртуелна демократија се во Владата, а оваа власт нема способност да не' извлече од кризата. Барав и нашиот политички опонент да ја напушти и преку друг процес што го нудиме со нашиот договор да се оствари целосна рамноправност на Албанците. Ние сме за дијалог и цврст договор на политичките партии. Потребни се храбри компромиси. Држава не се прави со анкети, туку со храбри политичари“, порача лидерот на ДПА.

Мендух Тачи уште еднаш нагласи дека Албанците во Македонија не се задоволни од спроведувањето на Охридскиот договор, кој не постоел, не функционирал, со настојување да се пристапи кон оној што го нуди ДПА. „Се бориме Албанците да бидат лојални државјани на Македонија. ДПА веќе 16-17 години дејствува без екстремизам, а нашиот политички противник употреби оружје за политички поени“.

Тачи смета дека земјата е во целосна изолација како резултат на погрешната политика на Владата. „Не' турнаа во недоразбирање со соседите, со ЕУ и со амбасадорот Фуере. При мојот неодамнешен престој во Албанија, на средбата со Али Бериша сакав да побарам оваа земја да стави вето на приемот на Македонија во НАТО, но тоа ќе го направам на наредното видување“.

Тачи најави скоро патување на Косово, но и во Бугарија „ако тоа ми го дозволат од Владата. Знам дека ќе се потрудат овие мои патувања да ги врзат за некаков екстремизам што не е така“, рече на крај Мендух Тачи.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FB5D7609DA610A45BF7638BA35C435A4



Още статии по темата »




И з п р а т и   м н е н и е

Име:
E-mail:
Мнение:
Въведи числото в дясно: verification image, type it in the box





  начало   Кои сме ние   история   контакти   връзки   МУЗИКА   история на изуството   Форум МАКЕДОНИЯ   ЕСЕИСТИКА   Литература   Нашата книжарница предлага